За 10 години бројот на жителите на Бугарија намален за 500.000

Од:

Бројот на жителите на Бугаријја од 2001 до 2011 година е намален за половина милиони, при што во посочениот период од земјата емигрирале 175.244 лица, соопшти бугарскиот министер за труд и социјална политика Ивајло Калфин.

Според Калфин, Бугарија ќе мора да преземе мерки за да ги задржи младите луѓе во земјата, кои би вклучувале поголеми плати, врвно образиование и перспективна иднина.

Калфин истакна дека платите во Бугарија мора да растат, додавајќи дека се неприфатливи аргументите на работодавците оти зголемувањето на минимланата плата ќе ја намали конкурентоста на бугарските фирми, бидејќи, како што рече, платите во Бугарија во моментов се многу ниски.

– Младите луѓе со квалитетно образование заминуваат по можносите што им се нудат во странство, додаде Калфин.

Како што јави БТА, тој нагласи дека според најновите податоци на бугарската Агенција за вработување, во моментов невработеноста меѓу младите во Бугарија е на најниско ниво во последниве шест години.

Би можело да ве интересира

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ