Профилот на Инстаграм на Новак Ѓоковиќ бил нападнат од група на албански хакери.
Групата која се нарекува „The2ATeam“ на профилот на Ѓоковиќ поставила своја слика со албански мотиви и со потпис на хакерите.
Останатите фотографии на Ѓоковиќ останале на профилот, меѓу кои и оние со сопругата и синот и со неговиот тим.
Еден од најпопуларните светски спортисти има армија на свои навивачи, а само на Инстаграм има 1,1 милион следбеници.