Две лица загинати, две тешко повредени во сообраќајка кај тетовско Палчиште

Од:

Две лица се загинати, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 04 часот кај тетовското село Палчиште.

Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски таблици загубило контрола и се превртело, при што две лица починале на место на несреќата, а другите две се здобиле со тешки телесни повреди.

Во тек е увидот од страна на полицијата и Јавен обвинител.

Еден од загинатите е 20 годишен жител од село Палчиште, додека за другиот загинат се утврдува идентитетот. Повредените се на 20 и 22 годишна возраст од Голема Речица.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница