Митов: Бугарија со нетрпение очекува западен Балкан да стане дел од ЕУ

Од:

Бугарија со нетрпение го очекува приемот на земјите од западен Балкан во ЕУ, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов во обраќање на меѓународната конференција „ЕУ во промена на глобалното опкружување: Што е следно за соседите на Европа – Бугарската перспектива“.

– ЕУ нема да биде целосна и комплетна без нашите соседи и пријатели, истакна Митов пред присутните на собирот во Софија.

Како што јави БТА, тој нагалси дека земјите од западен Балкан треба да минат долг и тежок пати и да спроведат крупни и непопуларни реформи, па затоа мора да се мотивираат во тоа, иако е најавено дека во следните пет години нема да има проширување на Унијата.

– Потребно е поголемо присуство на Европската комисија и на дрважите-членки (на ЕУ) и поголема помош кога станува збор за експертски знаења и исксутва. Затоа треба да ги користиме регионалните формати, потенцира Митов, нагласувајќи го при тоа значењето на развојот на добрососедските односи.

На конференцијата присуствуваше и високиот преставник за надворешни политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, која нагласи дека процесот на проширување на Унијата е во постојано движење и дека Брисел им дава целосна поддршка на земјите од регинот на европскиот пат.

– Во следните четири години и неколку месеци треба да работиме со цел државите да се подготват (за членство во ЕУ), потенцира Могерини.

Би можело да ве интересира

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ