Кортни Стјуарт заврши на солушување во полиција, откако објави фототрафии на нејзиниот син со Даунов синдром, кој се заглавил во машина за перење алишта.
Кортни изјави дека ја објавила фотографијата на двегодишниот син, кој се затворил во машина за перење алиша, на Фејсбук „поради забава“.
Таа одби да се извини заради фотографијата на која се гледа дека ја држи вратата од машината за алишта.
– Тој сака машини за перење алишта. Се смеевме и се фотографиравме, изјави Кортни за „Дејли рекорд“.
Нејзините соседи не биле воодушевени од нејзиниот потег. – Страшно е да се гледа фотографијата. Родител да постира таква фотографија на Фејсбук за некој да се смее, е недозволиво, изјави еден од од соседите.
Според него, целиот град зборува за тоа и сите се под стрес.
За инцидентот таа беше сослушана од полицијата, при што објаснила дека момчето доброволно влегло во машината за алишта и дека не било принудено на тоа.
– Што мислеле тие? Дека ќе ја вклучам центрифугата? Тој е опседнат со машини. Секој кој го познава, го знае тоа, додаде Кортни.
Кортни изјави дека не знае кој ја пријавил и целиот случај го смета за бесмислен. Поради оваа фотографија неколку дена подоцна таа била нападната пред нејзината куќа