Рецензија за „Јавна и културна дипломатија” во научно списание во Софија

Од:

Во научното списание Foreign Language Teaching кое го издава националниот издавач за образование и наука Аз-буки од Софија, објaвена е рецензија за книгата „Јавна и културна дипломатија” на Васко Шутаров која во Скопје се појави на крајот на минатата година во издание на ,,Матица македонска“.

Што мислат другите за вашето општество, вашата држава, политика, економија, култура или спорт, е поважно денес, откога и да било порано, пишува авторот на рецензијата во бугарското меѓунардоно списание, Јован Ананиев од Универзитетот ,,Гоце Делчев“-Штип. Тој го претставува делото на Шутаров кое е поделено во шест поглавја и заклучува дека проучувањата во оваа област се вистинска реткост во државите од регионот и затоа, наведува тој, книгата може да служи како прирачник за сите кои се интересираат за оваа област и за тие кои се учесници и ја практикуваат јавната и културната дипломатија.

Културната дипломатија, која е дефинирана како мека, софистицирана моќ во меѓународните односи, е малку позната област во Македонија и во регионот во однос на земји од Европа и светот во кои културната е претходница на политичката и на економската дипломатија. Тоа го поттикнало авторот на книгата, Васко Шутаров, да ја истражува и да спореди како и колку највлијателните земји ја употребуваат културата за своето претставување во светот. Според авторот на книгата, надвор од рамките на традиционалната, базична дипломатија, културната значи обраќање и создавање перцепција за себе пред странската јавност. Задачата на културната дипломатија е да креира најповолна можна слика за својата земја.

Од 2006 година Шутаров споредбено анализирал културни политики во надворешните односи на 30-ина земји и од тоа произлезе неговата студија „Јавна и културна дипломатија”. Покрај истражувањата во библиотеки, архиви и дневен печат, неговиот труд е резултат и од искуството на поранешен претседател на Комисијата за култура во Собранието на РМ и актуелен директор на Културно-информативниот центар на РМ во Софија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска