„Глобус“: Во БиХ живеат околу 4.000 екстремисти на Исламска држава

Од:

Хрватските безбедносни агенции проценуваат дека во БиХ живеат околу 4.000 екстремисти на Исламска држава, пишува загрепски „Глобус“.

Повикувајќи се на инсајдерски извештај за позадината на хрватската борба против ИД, весникот ја наведува проценката дека на милион жители во БиХ доаѓа по 41 борец на таа терористичка организација, што, како што се тврди, е еден од најголемите европски просеци.

Од БиХ во Сирија, напоменува весникот, заминале 156 мажи со 36 жени и 25 деца. Од почетокот на годината се вратиле 48 мажи и три жени. Загинале 25 мажи и една жена.

Според старосната структура, најстариот борец во Сирија од БиХ имал 74 години, додека просекот на старост на жени е 27, а најстарата има 55 години.

Борците на ИД од БиХ заработуваат од 50 до 100 долари месечно, а една третина од нив не се претходно кривично евидентирани поради тероризам или кражби.

– Босна е земја во која војната не е завршена, туку прекината, ја пренесува „Глобус“ изјавата на надлежните во службите за безбедност, а Павле Калиниќ, началник на загрепската Канцеларија за управување со кризни ситуации, вели дека Хрватска е потенцијална мета со самото тоа што била вмешана во војната во БиХ.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница