МКФ го отпушти Џикиќ

Од:

Во пресрет на подготовките за настапот на Евробаскет 2015, раководството на Македонската кошаркарска федерација му додели отказ на селекторот Александар Џикиќ.

– Македонската кошаркарска федерација со консенсуална одлука на Комисијата за итност и апровација на телефонски консултираните членови на Управниот одбор го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во Органите на Федерацијата, заблагодарувајќи му се за досегашната работа со репрезентацијата, се вели во соопштението на МКФ.

Џикиќ на клупата на „црвено-жолтите“ дојде минатата година и успеа да обезбеди пласман на ЕП иако во квалификациите играше со подмладен состав.

Се очекува МКФ што поскоро да назначи нов селектор со оглед на кусото време од околу месец и пол до почетокот на еврошампионатот.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска