Плејмејкерот Тај Лосон го напушта Денвер Нагетс и заминува во Хјустон Рокетс.
Овој НБА играч минатата сезона ја заврши со просек од 15,2 поени, 9,6 асистенции и 3,1 скок по натпревар.
– Тај е близок со Џејмс Харден, тесно е поврзан со Кори Бруер ги знае Тревор Ариз и Двајт Хауард и е многу возбуден, бидејќи ќе игра во ист тим со нив. Ова е одлична можност за него, изјави неговиот агент Хепи Волтерс.
Денвер во замена за Лосон ќе го добие „пикот“ од првиот круг на драфтот следната година.