Братислав Димитров е новиот директор на Театар за деца и млади

Од:

Драматургот Братислав Димитров – Бато е новиот директор на Театар за деца и млади во Скопје.

Тој на оваа функција бил именуван од Министерството за култура.

Димитров има повеќедеценсико театарско искуство како драмски писател, а последнава година и’ стана познат на пошироката јавност како член на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Тој заедно со Тони Михајловски, Миленко Неделковски, Виолета Ачковска, низ градовите во земјата, говореше во одбрана на власта и политиките на Никола Груевски, а против „предавниците“ на Македонија.

Уште пред завршувањето на законскиот рок за конкурсот за нов дректор, откако на претходниот, Драган Довлев, му заврши мандатот, на почетокот на јуни, се шпекулираше дека директорското место за Димитров во Театарот за деца и млади, е сосема сигурно.

Овој театар е најнаградуваниот македонски театарски ансамбл, последна премиера на Театарот за деца и млади беше „Заспаниот разум раѓа чудовишта“ во режија на Владимир Милчин.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање