Романската полиција уапси еден локален крадец, кој по изврешниот грабеж заспал во ходникот на куќата што ја ограбил, објави весникот „Гандул“.
Жител на селото Малини во саботата во попладневните часови провалил во куќата на еден негов соселанец, од каде украл повеќе вредни предмети и ги ставил во една вреќа. Но, бидејќи бил пијан, при излегувањето од куќата, заспал во ходникот, наведува весникот.
Кога сопствениците на ограбената куќа се вратиле во својот дом околу 18 часот, го затекнале 44-годишниот крадец, кој се уште спиел, по што повикале полиција.
Полицијата го привела заспаниот крадец, против кого е покренато обвинеие за обид за грабеж.