САД и Куба официјално ги обновуваат дипломатските односи

Од:

САД и Куба денеска официјално ги обновуваат меѓусебните дипломатски односи, прекинати пред 54 години.

Во 14:30 часот по Гринич кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон.

Овој симболичен настан ќе биде проследен од 45-минутна средба во Стејт департментот меѓу Родригес и американскиот државен секретар Џон Кери.

Во американскиот Стејт департмент, исто така, ќе биде поставено кубанското знаме меѓу знамињата на земјите со кои САД имаат дипломатски односи.

Над 500 лица ќе присуствуваат на настаните во Вашингтон по повод отворањето на кубанската дипломатска мисија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија