Загина моторџија во Прилеп

Од:

Утрово околу пет часот, во сообраќајка животот го загуби Влатко Трајкоски – Лацио од Прилеп, роден 1982 година, информираат од прилепското основно јавно обвинителство.

Според Ристо Шошески, основен јавен обвинител, несреќата се случила кај бензинската пумпа на „Лукоул“ на влезот во Прилеп од Плетвар околу пет часот изутрината.

– Од засега непознати причини, Трајкоски со својот мотоцикл удрил во големото пано на бензинската пумпа на „Лукоил“ излетал и на место го загубил животот. Наредена е обдукција за да се утврдат причините на смртта, вели Шошески.

Увид на местото на несреќата извршија полицијата и основен јавен обвините.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција