„Сандеј Мирор“: ИД создава свое упориште во БиХ

Од:

Џихадистичката група Исламска држава создава свое упориште во срцето на Европа во БиХ, каде исламските терористи тајно купуваат земјиште во едно село опкружено со густа шума, тврди британскиот весник „Сандеј Мирор“.

Весникот посочува дека безбедносните служби сметаат оти тоа подрачје кај селото Ошве во БиХ служи како камп за обука на припадници на ИД, но би можело да биде и база за смртоносни терористички напади во европските земји.

– Локацијата на ова место и дава стратешка позиција на ИД поради близината на Средоземното Море, кое го користат екстремистите од Сирија, Ирак и Северна Африка, наведува весникот, додавајќи дека најмалку 12 борци на ИД обучени во Ошве изминативе месеци заминале за Сирија, од кои петмина загинале во борби.

Експертот за тероризам Џевад Галијашевич во изјава за „Сандеј Мирор“ вели дека и голем број локални жители на Ошве веќе заминале за Сирија за да се борат во редовите на ИД.

Лпокални жители на Ошве за весникот изјавиле дека два хектари земја на тоа подрачје купил „познатиот поддржувач на ИД“, Харун Мехиќевиќ, кој за време на Војната во БиХ во 90-те години на минатиот век, заминал за Австралија, каде властите го сметаат за еден од „најопасните луѓе“.

Според истите извори, во едно обараќање до потенцијални регрути Мехиќевиќ наводно рекол дека „Алах ќе им помогне на муџахедините да воспостават Исламски Калифат, во кој сите муслимани ќе може да живеат достоинствено и чесно“.

Според весникот, земјиште во Ошве купиле и Јасин Ризвиќ и Осман Кекиќ, кој се борат на страната на ИД во Сирија, радикалниот муслимански верски лидер Изет Хаџиќ, кој е упсен од страна на безбедносната агенција на БиХ, Сипа, како и неколкумина други лица кои им се придружиле на џихадистичките борци.

Локален жител за „Сандеј Мирор“ изјавил дека населението во Ошве стравува дека подрачјето ќе се претвори во „гнезато на терористите“.

– Редовно слушаме истрели од шумите. Тоа се случува секоја недела, изјавил локалниот жител, кој сакал да остане анонимен.

Весникот цитира и извадоди од еден извештај на професорот на Факултетот за политички науки од Сараево, Владо Азиновиќ и на исламскиот теолог Мухамед Јусиќ, во кој се вели дека „БиХ е лошо подготвена за справување со заканите на исламистите“.

Во периодот 2013-2014 година од БиХ во Сирија заминале 156 мажи, 36 жени и 25 деца, од кои до јануари годинава, според официјалните податоци, во земјата се вратиле 48 мажи и три жени, се наведува во извештајот на Азиновиќ и Јусиќ.

Претсавничката на СИПА, Кристина Јозиќ во изјава за весникот вели дека враќањето во БиХ на поединци кои се борат на страната на ИД во Сирија претставува „безбедносен предизвик и закана, чиј опсег тешко може да се утврди“.

– СИПА постојано ги проверува сите инфорамации што на кој било начин можат да се доведат во врска со терористички активности, како што се финасирање, регрутиорање или други активности поврзани со тероризмот, додава Јозиќ. нагласувајќи дека селото Ошве е под надзор од полициската акција спроведена во него во текот на мај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски