Најголемата партија во Парламентот на Швајцарија, Швајцарската народна партија (СВП) изнесе предлог за воведување на забрана за патување во странство на бегалците и лицата кои поднеле барање за азил во земјата.
Во интервју за весникот „Тан“, вториот човек на СВП, Адријан Амштуц најави дека ваквиот предлог партијата ќе го достави до швајцарскиот Парламент во текот на неговата есенска сесија.
Според податоците на швајцарскиот Државен секретаријат за миграција, од 2011 до 2015 година, на бегалците и азилантите во Швајцарија им биле издадени околу 50.00О дозволи за патување во странство, во најголем број за посета на нивните семејства или за присуство на погреб.
Со таквата дозвола секој бегалец или азилант во Швајцарија може да патува во странство, при што тоа не мора да биде неговата матична земја.