Жак Делор: Потребно е ново втемелување на Европската Унија

Од:

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, кој утре ќе го прослави својот 90 роденден, во интервју за неделникот „Журнал ди диманш“, вели дека будно ја следел грчката криза, која го потсетила на долгите ноќи на преговори од негово време и која му оставила „горчлив вкус“.

– Оваа криза доволно зборува за недостигот на волја за здружување во Европа во овој момент, вели Делор, кого многумина го сметаат за еден од творците на идејата за поголема европска интеграција, за што говори и извештајот што го носи неговото име од 1989 година, кога тој претседаваше со Еврокомисијата, каде се наведени услови за создавање на идната заедничка европска валута.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Делор вели дека актуелната криза само ги потврдила неговите предупредувања од опасноста од функционирање на Унијата врз основа на два нееднакви столба.

– Овај систем повеќе е невозможно да се управува, ова не може да потрае. Потребно е ново втемелување на оваа економска и монетарна унија, Дали тоа ќе го направат? Има еден недостиг во конструкцијата од самиот почеток. Ги има, исто така, и глупостите и неспособноста на евро зоната да им стави крај, смета Делор.

Според него, во „актуелната ситуација е избегнато најлошото, но Европа не е морална сила во добрата смисла на овој термин“.

– Потребно е да се реконституира оваа морална сила, која беше силата на Европа во претходните периоди, како што беше моментот на падот на Берлинскиот ѕид, додава Делор.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он