Во Институтот за судска медицина во францускиот град Стразбур се пронајдени останки на лица кои биле жртви на контроверзните испитувања на нацистичкиот антрополг Аугуст Хирт, соопштија локалните власти.
Пронајдените останки им припаѓале на неколкумина од 86-те Евреи кои биле вклучени во проектот на Хирт за создавање на „колекција на еврејски скелети“.
Меѓу пронајдените останки има и делови на кожа на лица кои биле убиени во гасните комори на нацистичкиот концентрационен логор „Нацвајлер-Штрутхоф“, како и содржини од цревата и стомакот на една од жртвите.
Поголемиот дел од остатанките на жртвите на проектот на Хирт беа пронајдани по ослободувањето на Стразбур во 1944 година, по што тие беа погребани на локалните еврејски гробишта.
Институтот за судска медицина од Стразбур со години негираше дека чува вакви останки, но нивното постоење беше откриено по објавувањето на едно писмо од 1952 година на професорката по судска медицина на Медицинскиот факултет во Стразбур, Камиј Симонен, која по Војната вршела аутопсија и испитувања врз нив во рамки на истрагата за злосторствата на Хирт, по што сите уредно ги складирала.