Во Битола се одржа литературната манифестација „Современи дијалози“

Од:

Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво кој работи во состав на Македонското научно друштво-Битола, синоќа во рамките на „БитФест“ ја одржа традиционалната манифестација „Современи дијалози“ на која беа доделени годишните награди и признанија за истакнати личности кои директно придонесуваат во развојот на литературата и културата на национално ниво, а воедно беше промовирано и најновото издание на истоименото списание – „Современи дијалози“.

Пригодна реч за традиционалниот културен настан во овој град, одржа претседателот на МНД-Битола, Игор Неделковски кој истакна дека нововостановената традиција поткрепена со издавачката дејност преку списанието „Современи дијалози“ дава уште еден позитивен белег на литературниот потенцијал во градот под Пелистер.

– Пред три години „Современи дијалози“ беа обид, а сега слободно може да се зборува за традиција. Квалитетот на списанието е одраз на квалитетната содржина и изборот извршен под водство на раководителот на центарот, Зоран Пејковски, како и редакцискиот одбор во кој членуваат докажани поединци посветени на прозата и поезијата. Афирмацијата на овој проект овозможи тој да биде препознатлив на национално, регионално и локално ниво, а желбата за објавување на трудови во списанието, голем мотив и престиж за секој автор, рече меѓудругото Неделковски, кој воедно ги врачи признанијата на наградените лица.

Годинешен добитник на наградата за животно дело за висок уметнички придонес во македонската литература е писателот Радован П.Цветковски, награда за постигнувања во поезијата му беше доделена на поетот Панде Манојлов, а за успешно менаџирање на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беше награден директорот на таа национална установа Науме Георгиевски.

На синоќешниот културен настан во Битола награда за придонес во книжевноста и беше доделена на професорката по македонски јазик Милица Димитријовска-Радевска, награда за придонес во драмската уметност му беше доделена на актерот од битолскиот театар Петар Горко, додека награда за директен придонес и афирмација на македонската литература и култура, како и за стручните авторски дела му беше доделена на новинарот на МИА, Марјан Танушевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска