Прскање против комарци во Гевгелија

Од:

На површина од околу 1.000 хектари на територијата на општина Гевгелија утре во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци. Ќе бидат опфатени градот Гевгелија и населените места Мрзенци, Богородица, Миравци и Негорци.

Како што информира општина Гевгелија, препаратот со кој ќе се врши третирањето за заштита од комарци не е штетен за луѓето и животните и не ја загадува водата и почвата. На граѓаните им се препорачува да ги затворат прозорците и вратите додека се изведува авиопрскањето.

Се апелира до одгледувачите на пчели да преземат мерки за заштита на пчелите од помор и да ги држат затворени пчелните кошнички најмалку три или четири часа по извршеното прскање.

По дваесетина дена, на територијата на општина Гевгелија ќе биде извршено и второ авиопрскање за заштита од комарци.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он