Полскиот претседател во заминување Бронислав Коморовски денеска соопшти дека редовните парламентарни избори во Полска ќе се одржат на 25. октомври, пренесе МИА.
Крајниот термин за одржување на изборите е крајот на октомври, имајќи предвид дека преходните избори за членови на полскиот Парламент, чиј мандат е четири години, се одржаа вo октомври 2011 година.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека овие избори би можеле да стават крај на осумгодишното владеење на демохристијанската партија Граѓанска платформа (ПО) и на власт да ја доведат конзервативната популистичка партија Право и правда (ПиС) на попранешниот премиер Јарослав Качињски.
Вовед во ваквата промена на власта, според аналиитчарите, беше и неочекуваниот пораз на Коморовски на претседателските избори во мај година, на кои со тесна разлика победи кандидатот на ПиС, Анджеј Дуда. Дуда треба да ја преземе претседателската функција следниот месец.