Започна втората фаза од реконструкцијата на патот Велес-Кадрифаково

Од:

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, со својот тим и градоначалниците на општините Велес, Лозово и Штип денеска  кај село Лозово изврши увид na градежните работи и стартот на втората фаза од експресниот пат Велес-Кадрифаково, кој треба да биде готов во првата половина на 2016 година.

– Од изградбата на патот, кој е долг 26 километри и чини околу 15 милиони евра, придобивка ќе имаат сите граѓани бидејќи ќе се скрати времето на патување и ќе се добие нова и модерна делница, рече Мисајловски.

Илчо Захариев градоначалник на Општина Штип потенцира дека патот освен што е експресен ќе биде и безбеден.

– Ќе спасиме многу човечки животи, патот Велес-Штип ќе се скрати за 15-20 минити, а благодарение на Владата и надлежното Министерство за транспорт и врски, источна Македонија го добива најзначајниот пат, потенцира Захариев.

Инаку, реконструкцијата на оваа втора фаза е во должина од 8,9 километри, а инвестицијата изнесува 6,4 милиони евра. Првата фаза во должина од 6,3 километри и инвестиција од 1,3 милиони евра е целосно завршена.

Министерот Мисајловски најави дека очекува наредниот месец да се потпишат договори за пет нови регионални правци: Дојран-Николиќ, Мокрено-Смолари, Брвеница-Чегране, Ресен-Буково и Ново Село–Маврово-Дебар.

– Македонија со ова ќе добие над 70 километри нови патишта, модерни со сигнализација како што доликува на секоја европска држава, а ќе продолжиме и понатаму да градиме со засилено темпо, најави министерот Мисајловски.

Помошникот директор во секторот за инвестиции на Агенцијата за државни патишта, Александар Стојанов информира дека интензивно се работи на сите регионални патни правци

– Воедно се работи и на локалните патишта, а од кои од предвидените 46 за оваа година 15 се веќе готови. Се работи на останатите и планираме до крајот на годината сите да ги завршиме, потенцира Стојанов.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска