„Во прво лице“, нова книга на новинарот Менде Младеновски

Од:

Излезе од печат новото дело на новинарот Менде Младеновски „Во прво лице“, петта книга со идентичен наслов во рамки на едицијата „Поводи и погледи“ на издавачот „Битолски весник“.

Во најновата книга поместени се четириесеттина колумни кои новинарот Младеновски ги објави во редовната рубрика на „Битолски весник“, „Поводи“, во текот на изминатата година.

– Книгата е печатена во тираж од 300 примероци и најголем дел од тиражот ќе биде подарен на вечерашната промоција која ќе се одржи во културниот центар „Магаза“. Во книгата се поместени колумни, мои видувања и анализи за актуелни национални, регионални, но и локални теми, кои го предизвикаа вниманието на јавноста. Верувам дека и најновото издание на „Во прво лице“ ќе најде свое место во домашната библиотека, истакна Младеновски во пресрет на вечерашниот промотивен настан.

Рецензент на книгата е литературниот критичар и писател Љубомир Груевски, кој воедно ќе ја промовира книгата „Во прво лице“ на новинарот Менде Младеновски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска