Во Велес синоќа претставен портретот на писателот Венко Андоновски

Од:

Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше претставено делото на писателот Ванко Андоновски.

Првиот промотор проф-д-р Весна Мојсова Чепишевска даде осврт на целокупниот опус на писателот и нејзин колега од Катедрата за македонска книжевност,меѓу другото се врати на своите читања на Андоновски првично објавени во 2006 година.

– Да се пронајде нов начин на читање,да се поведе некоја друга,нова игра со читателот-тоа во прв план го истакнува Андоновски во својата поетика.Читателот е ставен во центарот на вниманието,тој не е само пасивен конзумент,ниту пак е надвор од самото дело(од романот).Тој е оној кој ја чита книгата,но и оној кој ја склопува приказната,кој презема дел од писателовата улога.Тој е во романот како еден од неговите внатрешни чинители,како коавтор, но и како книжевен лик,кој има сосема активна улога спрема другите,останати книжевни ликови, пишував тогаш за Андоновски, потсети прод д-р Мојсова Чепишевска.

Вториот промотор на делото на Венко Андоновски,  проф д-р Ангелина Бановиќ Марковска  се осврна на авторот како драматург и колумнист.

Таа појасни дека неговата драматуршка активност би можела да ја подели/групира во три тематски нивоа.

– Тие не се изолирани,туку се преплетуваат меѓусебно.Од една страна,тука се драмските текстови кои ја обработуваат темата за насилството и теророт на  тероризмот.Потоа  оние имаго типски драми кои се занимаваат со стереотипите за другоста,претставени во релација Балканот вс. Европа како и драмски текстови кои реферираат на познати книжевни дела,кои се користат како свои предлошки,појасни проф д-р Бановиќ Марковска.

Таа напомена дека трите тематски рамништа одлично кореспондираат меѓусебно и се преплетувааат.Во првата група се „Адска машина“,„Бунт во домот за старци“,„Словенски ковчег“,„Црни куклички“,„Олово на перница“.Во втората:„Кандид во земјата на чудата“„Кинегонда во Карлаленд“,„Граница“.Во третата:„Генетика на кучињата“ и „Ана Каренина“.

Според неа  Венко Андоновски е еден од најуспешните македонски прозни и драмски автори.

Инаку, промоцијата беше во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска