Коцијанчич: Референдумот го поткопува европскиот пат на БиХ

Од:

Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за соседска политика и безбедност Јоханес Хан, изјави денеска дека најавениот референдум во Република Српска е предизвик за интегритетот и суверенитетот на БиХ и оти може да ги загрози европските интеграции на земјата.

– Одржувањето на референдум во РС е предизвик за кохезијата, суверенитетот и интегритетот на БиХ кои во февруари се обврзаа да ги почитуваат сите политички партии и лидери, вклучувајќи го претседателот на ентитетот Милорад Додик, соопшти Коцијанич преку службата на ЕУ.

Таа истакна дека референдумот ризикува да го поткопа процесот на придружување на БиХ кон ЕУ, за кој политичките лидери се обврзаа да го поддржат.

– Иницјативата за распишување референдум го одвлекува вниманието од вистинските социјални и економски проблеми со кои луѓето во БиХ секојдневно се соочуваат, порача Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ