МКФ ангажира Италијанец за подобрувања на кондицијата на репрезентативците

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го договори ангажманот на кондициониот тренер од Италија Џакомо Браида кој треба да се грижи за физичката подготовка на репрезентативците.

– Македонската кошаркарска федерација за потребите на едукација на својот тренерски кадар, со специфичен акцент на физичката подготовка го ангажира Италијанецот Џакомо Браида, кој доаѓа по консултациите со Сандро Беркардино, докажаниот пријател на македонската кошарка, во тој дел на работата, стои во известувањето од МКФ.

Македонија во септември ќе настапи на Европското првенство, а задача на Браида е да ја темпира физичката форма на нашите кошаркари како би го издржале напорниот ритам со оглед на распоредот и силните противници.

„Црвено – жолтите“ ќе играат во Ц-групата во Загреб заедно со репрезентациите на Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска