Ховит: Договорот ја извлече Македонија од работ на бездната

Од:

Поранешниот известувач за Република Македонија од Европскито парламент, европратеникот Ричард Ховит, вели дека вчерашниот договор што стави крај на политичката криза во земјата, а за кој и тој самиот посредуваше во Скопје, всушност “ја извлекол земјата од работ на бездната”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Партијата на европските социјалисти и демократи (СиД), чиј координатор за надворешни односи е Ховит, преку соопштение истакна дека потпишаната меѓупартиска спогодба меѓу политичките партии во Република Македонија става крај на политичката криза во земјата и дека истата е постигната со посредство на Европската комисија и Европскиот парламент.

Во име на СиД, посредник беше европратеникот Ричард Ховит, што договорот го опишува како “извлекување на земјата од работ”.

Посочувајќи дека Ховит, како координатор за надворешни работи на европските социјалисти и демократи посредуваше и при постигнувањето на договорот од 1-ви март 2013 година, СиД групата порача дека се надева оти со вчерашниот нов договор ќе започне процесот на градење постојан напредок во демократскиот развој на Македонија и дека ќе се гарантира нејзината евро-атлантска перспектива.

– По повеќе од 12 часа разговори во главниот град Скопје, Ховит и еврокомесарот Јоханес Хан, заедно со лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата вчера изутрина го објавија договорот. Истиот вклучува распоред за лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да се повлече во корист на нов премиер во новата Влада, што ќе вклучува и некои министерски позиции за опозициската СДСМ и заеднички договор за предвремени избори на 24-ти април 2016 година, се посочува во соопштението на европските социјалисти и демократи.

Во однос на договорот, според групата на СиД, ќе биде ангажиран специјален обвинител со цел да ги истражи случаите што произлегуваат од скандалот околу нелегалното прислушкување на телефонските разговори што предизвика ја актуелната политичка криза. Но, самиот британски европратеник смета дека било тешко да се постигне договор меѓу Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.

– Потребни ни беа месеци за да дојдеме до тука, но ова е важен чекор за земјата. Продолжената криза имапе тешки последици за стабилноста на државата, нејзината меѓународна положба и нејзините изгледи за напредок кон членство во Европската унија и не е претерување да се каже дека договорот може да ја повлече земјата од работ на бездната, вели европратеникот социјалист Ховит.

Поранешниот известувач за Македонија од Европарламентот, вели дека е горд на Европскиот парламент што и се приклучи на Европската комисија за олеснување на преговорите, но, според него од клучно значење е овој нов договор сега да води кон постојан напредок кон демократскиот развој на Македонија.

– Овој постигнат договор е фер договор во интерес на земјата и нејзините граѓани. Но, ние очекуваме политичките лидери целосно да го спроведат договорот и тоа ќе биде внимателно следено од страна на меѓународната заедница. Назначувањето на специјален обвинител чија работа ќе има целосна автономија за наводните криминали и корупција што произлегоа од следењето на комуникациите, мора да постигне за целосно и непристрасно да се запознае Европа и очекувањата на меѓународната заедница дека мора да има правна одговорност за какво било кривично дело, додава Ховит.

Би можело да ве интересира

АА: По дистанцирањето на Силјановска, само ВЛЕН и Вучиќ зборуваат за тензии

Предраг Петровиќ

Русија би можела да остане без банани

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

A1on

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on