Завршен концерт на учесниците на семинарот за виолина

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер во рамки на „Скопско лето“ завршен концерт ќе имаат  учесниците на семинарот за виолина, кој во 2009 година го возобновија познатите виолинисти и музички педагози Ана и Олег Кондратенко.

Концертот се одржува во соработка со Музичка младина на Македонија. За семинарот по виолина, кој е наменет за различни возрасти и кој седум години го раководат Кондратенко, има голем интерес од млади виолинисти од Македонија и од странство. Мајсторската виолинистичка школа до пред четири години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје.

– За резултатите на овој семинар – мајсторска школа, зборуваат и мошне квалитетните завршни концерти на кои настапуваат не само млади музичари – во почетоци на своето музичко образование, туку и веќе оформени и пред крај на своето школување виолинисти, кои ја презентираат македонската култура во земјата и во странство. Бројот и квалитетот на учесниците на овој семинар низ минатите пет години ги оправда очекувањата како успешен и делотворен, информира „Скопско лето“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска