Дерон Вилијамс нов играч на Далас

Од:

НБА франшизата Далас Маверикс потпиша договор со „Ол Стар“ плејмејкерот Дерон Вилијамс. Популарниот Д-Вил пред неколку денови добил раскин на договорот со Бруклин Нетс кои му исплатија 43 милиони долари колку што требаше да заработи во наредните две сезони.

Вилијамс со Далас потпиша двегодишен договор според кој годишно ќе заработува 10 милиони долари, но со опција да ги напушти Маверикс по една година.

Плејмејкерот има 31 година, а минатата сезона во дресот на Бруклин во просек по натпревар бележел по 13,3 поени и 6,6 асистенции со реализација од 39 отсто, што е најлоша во неговата кариера.

Вилијамс во 2005 година беше избран на драфтот како трет пик од страна на Јута Џез, трипати настапил на „Ол Стар“ натпреварите, а во кариерата има просек од 17 поени, 8,5 асистенции и 3,2 скока со реализација од 44,7 отсто.

Вилијамс е третото засилување за Далас во пресрет на новата сезона, претходно играчи на Маверикс станаа центарот Заза Пачулија и бекот Весли Метјуз.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on