Најмалку десет војници и 11 припадници на Ал Каеда беа убиени во напад врз воена база во градот Шукра во јужен Јемен.
Бунтовниците првично нападнале крајбрежна база со автомобил-бомба. Подоцна други припадници на бунтовниците ја нападнале базата со огнено оружје.
Базата на 115-та бригада е во провинцијата Абијан каде вчера најмалку седум членови на Ал Каеда беа убиени во воздушен напад.