Почнува Скопскиот џез фестивал 2012

Од:

Вечерва, во 20 часот, во Салонот на Македонската Опера и Балет со концертот на Diamond Curtain Wall Quartet на американскиот саксофонист Ентони Брекстон , ќе започне Скопскиот џез фестивал 2012.

По него во МОБ, концерт ќе одржат Пјер Дорг и New Jungle Orchestra од Данска, а од 24 часот, во Сити хол (поранешен Хард рок во МКЦ) La Sahel од Сенегал, ќе одржи полноќен солистички џез концерт.

Во сабота (20 октомври) во МОБ, во 20 часот, концерт ќе одржи триото на бразилскиот виолинист Рикардо Херз, а веднаш по нив настапува триото на Карлес Бенавент, Тиро ди Џералдо и Хорхе Падро од Шпанија. На полноќ во Сити хол ќе настапи составот Anthony Joseph & The Spasm Band (Тринидад/Велика Британија).

На 21 октомври (недела), во 20 часот, во Салонот на МОБ, закажани се концертите на Малком Браф Трио (Швајцарија) и шведско-норвешкиот состав Atomic, a за 24 часот е закажан концертот на Hidden Orchestra од Шкотска.

Концертот на легендариот американски гитарист Пет Мартино и неговото трио е закажан за 20 часот на 22 октомври во Универзална сала, по што ќе следува концертот на квинтетот на Амброуз Акинмусери. Полноќниот термин е резервиран за настапот на The Thing и Џо Мекфи.

Скопскиот џез фестивал ќе заврши на 24 октомври во Универзална Сала во Скопје, со концертот во 20 часот, на водечкиот џез трубач и композитор Томаш Станко (Полска), вечерта ќе кулминира со настапот на Miles Smiles, состав формиран од соработниците на големиот Мајлс Дејвис.

Во рамките на off програмата на фестивалот на 28 октомври 2012 година, ќе следува уште еден концерт. Во 20 часот, во киното „Фросина” во Младинскиот културен центар, ќе свират Backyard Jazz Orchestra во кој членуваат музичари од Германија, Австрија, Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Албанија и Македонија.

Промоција на Скопскиот џез фестивал годинава ќе има најновото музичко издание на Тони Китановски, Грег Хопкинс и пријателите, насловено како „Бостон”.

Скопскиот џез фестивал годинава ќе се одржува по 31 пат, а традиционален покровител на оваа Манифестација е Градот Скопје, кој од Буџетот за реализација одвојува околу 2 милиони денари.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот