Во покраински суд во Клагенфурт денеска почна судење против поранешната комплетна градска власт во местото Шпитал ан дер Драу, поради обвинување за злоупотреба на службена должност.
Пред судија се 16 луѓе кои биле власт во 2007 година во Шпитал ан дер Драу, а меѓу нив е и градоначалникот Герхард Кефер сега член на владата на покраината Корушка.
Тие се обвинети дека за злоупотреба на функција во 2207 година кога гласале против поставување репетитор за мобилна телефонија, а како образложение навеле – негативно влијание на тие уреди врз здравјето на жителите.