Во Сараево повредени полицајци и навивачи

Од:

Во пресрет на квалификацискиот дуел (вечер од 20:45) од фудбалската Лига на шампионите меѓу Сараево и Лех од Полска, низ улиците на главниот град на Босна и Херцеговина синоќа се случија неколку судири меѓу навивачите на двата клуба при што има многу повредени, меѓу кои и деветмина припадници на тамошната полиција.

Босанските медиуми јавуваат и за причинета голема материјална штета, уништени возила, демолирани дуќани и други деловни и станбени објекти.

Целосно е уништен и еден автобус со кој во Сараево допатувале полските навивачи.

Официјалните лица од службите за безбедност на БиХ изјавија дека постои можност учесниците во инцидентот од Полска да бидат протерани од земјата, а за тоа најавен е и разговор со полскиот конзул.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски