Промоција на системот за електронска наплата во автобусите

Од:

Градот Скопје денеска ќе ги промовира проектот за воведување Систем за автоматска локација на возила и Систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.

Се очекува новиот систем да помогне за решавање на проблемите во јавниот превоз со наплатата, контролата на движењето на автобусите и запазувањето на возниот ред, а предност за патниците ќе биде воведувањето еден билет кој ќе важи и во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и кај приватните превозници. Ќе се овозможи наплата на билет со картички и со мобилен телефон.

На денешната промоција на проектот ќе зборуваат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он