Патроли низ Аеродром за шетање кучиња без маска и за велосипедските патеки

Од:

Комуналните служби на Аеродром во придружба на полицијата од денеска ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали граѓаните ги шетаат своите миленици со маска на устата и дали се почитуваат правата на велосипедистите.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат ќеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини.

Шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота. Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да го почитуваат правото на велосипедистите и ролерџиите да ги користат патеките покрај Вардар и покрај булеварите наменети исклучиво за нив, пред се од безбедносни причини.

Велосипедските патеки не смеат да ги користат пешаци, мотоциклисти и лица кои ги шетаат своите миленици бидејќи претставуваат потенцијална опасност за велосипедистите и ролерџиите, за кои се наменети овие патеки. 

Би можело да ве интересира

Масовна хистерија на Хитроу: 21 лице се разболе на Терминалот 4

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Драма во Милано: Горат аеродромски шалтери, патниците во паника бегаат, насилник со чекан крши монитори

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски