Две години во ЕУ: Хрватска профитираше од членството

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

Хрватска на 1 јули одбележа две години од членството во Европската унија. Иако Европската унија во која влезе Хрватска не е таа иста Унија за која се мечтаеше пред 20 години, вредеше трудот, се оценува во Загреб.

Хрватска профитираше од членството во Европската унија, но и од пристапниот процес. Во пристапниот процес малку по малку се уредуваше државата, дел и поради тоа државата успеа да излезе од кризата, извозот на пазарите во ЕУ порасна за 12 отсто.

За добрите, но и за лошите страни по влезот на Хрватска во Европската унија, зборува првата потпретседателка на Владата и министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ.

– Од безбедносна гледна точка и стабилноста имаме чадор или рамка за која сметам дека ни дава право да бидеме оптимисти. Што се однесува до функционирањето на инстутициите и уредувањето, секако дека отидовме напред. Од друга страна, можеби тој факт што повеќе не сме под тој притисок за исполнување на условите за членство на ниво на општеството, се отвори простор за еден вид на ретрадиционализација или еден вид назадување во политичкиот и јавниот говор. Наведеното назадување во политичкиот и јавниот говор може да се објасни, ако не и да се оправда со фактот дека две години од хрватското членство во ЕУ беа исполнети со изборни кампањи, прво претседателската, а сега парламентарната, вели Пусиќ.

Иако многумина ќе кажат дека Европската унија е заедница на вредности, централна тема на многу дискусии, а посебно сега во изборна година е искористеноста на европските фондови. Во ХДЗ тврдат дека две години од хрватското членство во ЕУ не донеле подобар живот на граѓаните.

Првиот човек на ХДЗ, Томислав Карамарко тврди дека фондовите се искористени само 30 отсто. – Ние сме веројатно една од ретките држави во Европската унија која уплатува повеќе од што извлекува, вели Карамарко.

Владата одговара дека ХДЗ, кога пред три и пол години си замина од власта, требаше да остави довршени проекти, но не остави, па тоа почнување од нула е една од причините за првичното слабо повлекување на средствата од претпристапните фондови.

– Ги искористивме тие претпристапни фондови, а сега пред нас е многу поголема задача, комбинација на големи инфраструктурни проекти и една капиларна мрежа на голем број мали проекти. Кога велам мали проекти мислам на тие кои се однесуваат на општините, градовите па и индивидуалните претприемачи. И тука сметам дека индивидуалните претприемачи, општините и градовите, посебно тие кои добро се подготвени, се многу ефикасни, вели Весна Пусиќ.

Според нејзините податоци, многу хрватски градови и општини аплицираат за фондовите на Европската унија за локални инфраструктурни проекти и така дупло ги зголемуваат своите буџети.

За политичкиот аналитичар Бранко Царатан расправата за искористеноста на фондовите е целосно маргинална.

– Она што е важно, тоа се долгорочните бенефиции од членството во ЕУ. Членството на Хрватска во ЕУ сигурно придонесе за политичка и економска стабилизација на земјата. Долгорочно гледано се очекува многу поголем бенефит од членството, бидејќи Хрватска политички и економски е вклучена во односите со најразвиените земји во светот. смета тој.

Царатан во изјавата за нашето радио додава дека секако многу нешта ќе зависат од конкурентноста на хрватската економија и способноста на хрватската политика.

Европската унија не е само снаоѓање околу фондовите.

Лука Бркиќ од загрепскиот Факултет за политички науки споменува уште една исклучителна корист од хрватското членство во Европската унија, а тоа е забележаниот напредок поврзан со единствениот пазар на ЕУ.

– За тој голем бесцарински простор кој порано сепак имаше свои бариери, без оглед на договорниот статус на Хрватска во однос на Европската унија во рамки на Договорот за стабилизација и приклучување. вели Бркиќ.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Земјотрес ја погоди Хрватска

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска