Им пеел на 380 ембриони

Од:

Шпанскиот пејач и автор на песни, Антонио Ораско, го одржа најчудниот концерт во животот, откако им пееше на 380 ембриони за да ја докаже моќта на музиката.

Барселонецот Ораско, кој вообичаено држи нормални концерти на сцена и по кафулиња, неделава имаше специјален концерт во болницата за ин витро оплодување.

Првпат во светот, пјачот познат во Шпанија и Латинска Америка, им свиреше и им пееше на 380 ембриони кои се развиваа во инкубаторите во Институтот „Маркес“ во Барселона.

Тој е фотографиран пред десетици инкубатори, како свири на гитара и им пее серенади на ембрионите, како дел од истражуањето со кое треба да се потврди позитивниот ефект на музиката врз разојот на ембрионите и фетусите.

„Ова беше уникатно искуство“, вели пејачот.

Истражувањето се базира врз наоѓањата на студијата на весникот „Влијанието на изложеноста на музика за време на ин витро културите врз развојот на ембрионите“, презентирана пред де години од Институтот на состанокот на Европскоро друштво за асистирана репродукција.

Весникот покажа дека музичките вибрации ја зголемуваат можноста за успешност на ИВФ за пет отсто, а го подобрува и развојот на ембрионот.

„Затоа развивме иновативен метод да ја вклучиме музиката во нашите инкубатори за ембриони“, велат од Институтот.

„Со овој систем, ние одиме чекор понапред во нашите напори репродукцијата во лабораторија да ја направиме послична на онаа во природни услови која ембрионите се развиваат во матката на мајката, со цел да го зголемиме нивото на успешност на оплодување“, вели доктор Мариса Лопез Теихон, шеф на одделот за асистирана репродукција.

„Мислам дека нивната работа е одлична на д-р Лопез и нејзниот тим кои се трудат музиката да ја воведат во животот на луѓето од нивниот прв ден“, вели пејачот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ