ВИДЕО: Арабати Баба Теќе во катастрофална состојба

Од:

Иако Министерството за култура го има заштитено како културно наследство, Теќето Арабати Баба во Тетово пропаѓа.

Хисен Сулејмани во својот апел за спас на Теќето и Бекташиската верска заедница пишува:

„Теќето Харабати Баба во Тетово датира од 1510 година и единствени кои се обидуват да го заштитат и да интервенират се клериците и верниците кои живеат согласно нивната вера, живејќи во самото теќе, а државата многу малку, речиси воопшто, не вложува во овој споменик на културата, што e меѓу ретките од овој тип.

Проблемите на теќето Харабати Баба во Тетово, не се сегашни. Тие датират од периодот на монизмот, конкретно од 1946 година, кога ова теќе се затвори од тогашниот режим, додека не пропуштиа да ги избркат двајцата дервиши, заедно со Баба Ќазим Бакаљи, кои беа последните клерици во наведениот период, при што ја прекинаа четристо годишна традиција од самото оснивање на теќе. Ова состојба беше изменета со независноста на Македонија, соодветно на првата половина на 90-те години, кога теќето повторно се отвори и за главен клерик беше избран Баба Тајар Гаши кој почина токму таа година. А веднаш потоа беше избран Баба Тахир Емини кој беше главен клерик до неговата смрт во 2006 година.

Ова верска заедница,која со години чекаше за регистрација, во 2000 година го доби правниот статус.

Само две години подоцна, теќето беше нападнато од неодговорни лица кои извршија напад и со сила узурпираа еден дел од култните објекти каде се вршеа редовните верски обреди на припадниците на бекташиската верска заедница, а истите потоа ги претворија во обична џамија на муслиманите.

Во 2009 година, според новиот закон за верските заедници во РМ, Бекташиската верска заедница ја избришaа од регистарот на верските заедници и наложија таа одново да се регистрира. Водството под главниот клерик Баба Едмонд Брахимај, повторно аплицира исполнувајќи ги законските услови за регистрација, но од непознати причини барањето беше одбиено и на овој начин е дискриминирана бекташиската верска заедница во Република Македонија и тоа незаконски..

Денеска предметот за ререгистрирање на Бекташиската верска заедница и враќање на нејзиниот имот во Република Македонија се наоѓа пред Судот за човекови права во Хаг, право кое бекташите го чекат повеќе од 20 години.

Како последица на вооружениот конфликт како и неодговорниот однос на државата кон културното наследство, а притоа имајќи предвид и периодот на комунизмот кога на верниците на бекташиската верска заедница не им беше дозволен пристап, уништен е голем дел на објектите во самиот комплекс и тоа: покривот, темелите и конструкците на објектите.

Но, Министерството за култура на РМ, кое треба да го заштити и одржува културното наследство како што е Бекташиското Теќе Харабати Баба, старо околу 500 години, речиси нема почнато ништо што се однесува на значителна реставрација, поправки, одржување и заштита на овој иисториски споменик.

Во 2013, Стејт Департментот во Вашингтон потврди дека Бекташиската верска заедница не е регистрирана и е дискриминирана.

Бекташиската верска заедница во Македонија, уште еднаш ги повторува нејзините барања:

1.Ререгистрација на Бекташиската верска заедница согласно законот, иако таа веќе беше регистрирана што значи дека автоматски треба повторно да биде регистрирана без посебни услови која истата ги исполнува, но регистрирацијата беше одбиeна од причини познати само на судијата во Основен Суд 2 Скопје.

2.Враќање на имотот на Бекташиската верска заедница (имот со тапии што го поседува со векови)

3.Oддалечување на противзаконските радикалисти (узурпатори) на Харабати Баба Теќе.

4.Да се вратат сите права кои и припаѓат на Бекташиската верска заедница.

5.Помош за репарација на комплексот Харабати Баба Теќе и на другите теќина во Република Македонија“, пишува во апелот за спас на Арабати Баба теќе во Тетово.

Би можело да ве интересира

Љутков-Тодоров: Продолжуваме да ја развиваме меѓусебната соработка

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

„Мала грешка“ – нова меѓународна копродукција на филм која ќе се снима во Македонија

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ