Еден повреден во трката со бикови во Памплона

Од:

Во трката со бикови на четвртиот ден од фестивалот Сан Фермин во шпанскиот град Памплона, денеска е повредено едно лице, јавија шпанските медиуми.

Портпаролот на шпанскиот Црвен крст, Хозе Алдаба изјави дека денеска никој не е прободен од биковите, но дека едно лице е хоспитализирано поради повреда на раката.

Од почетокот на фестивалот, во вторникот, со повреди од роговите на биковите се здобија двајца Американци, еден Австралиец и еден Британец.

Трката со бикови се одржува секој ден во осум часот во текот на осум дека колку што трае фестивалот Сан Фермин.

Шест бикови и нивен претходник се пуштаат да трчаат по тесните улиците во должина од 850 метри до локалната арена, додека пред нив трчаат луѓе. Трката завршува во арената за борба со бикови.

Денешната трка траеше две минути и 24 секунди.

Вкупно 15 лица загинаа во трката во Памплона од 1924 година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата