Трето вонредно авионско прскање против комарци во Велес

Од:

Општина Велес утре ќе спроведе трето – вонредно авионско прскање против комарци. Акцијата следи по бројните реакции на граѓаните на Велес деновиве, за наезда од комарци и болни каснувања со отоци по телото.

Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед од службата за информирање на Општина Велес, третото вонредно третирање против комарци ќе се спроведе утре изутрина од 5.00 до 8:00 часот и ќе го опфати целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег, како и рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.

Од општината апелираат до пчеларите дека во времето на третирање и неколку часа потоа, треба да ги затворат кошниците со пчели, заради безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираат од општината.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ