Гашиќ. Хрватска ги навредува протераните Срби и семејствата на настраданите во „Бура“

Од:

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска оцени дека воената парада, што Хрватска ја организира по повод 20-годишнината од воено-полициската акција „Бура“, ги навредува протераните Срби и семејствата на настраданите во текот на акцијата, односно дека таа не и е потребна на напредна Европа, бидејќи не придонесува кон помирувањето во регионот, објави денеска белградскиот печат, а пренесува Фена.

– Со највата дека ќе организира воена парада, Хрватска длабоко навредува повеќе од 200.000 протерани Срби во акцијата „Бура“ , а особено семејствата на околу 2.000 убиени и прогонети во ова најголемо етничко чистење по Втората светска војна, изјави министерот Гашиќ за белградскиот весник „Блиц“.

По повод најавата дека на 20-годишнината од „Бура“, Денот на победата и татковинската благодарност, во Загреб ќе биде организирана парада, Гашиќ истакна дека „во напредна Европа таква парада не е потребна, бидејќи е вперена против помирувањето и изградбата на доверба во регионот, и е против идејата за единствена Европа која сака да ги дели народите од овие простори“.

Коментирајќи ја поканата да учествува на парадата на земјите членки на НАТО, српскиот министер за одбрана вели дека тоа, пред се, треба „да се гледа од понова перспектива која е предизвикана од прерспоредувањето на силите по повод украинската криза“

– Верувам дека оваа причина ќе надвладее во одлуката на одделни војски да присуствуваат на парадата, што не значи дека нивното гледање на злостоството сторено врз Србите во Хрватска во 1995 година ќе биде исто. Сигурно е дека на оние кои им сакаат добро и на Европа и во светот не им е место на парадата која слави едно злосторство, но свесни сме и на фактот дека заострувањето на односите на релација Исток-Запад ги условува и одлуките прилагодени на оваа нова и поинаква ситуација, рече Гашиќ, член на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ претходно неделава изјави дека „Србија со внимателност ќе следи“ кои земји ќе испратат војска на воената парада на 5 август, а нивното учество ќе го смета за „антисрпски став“.

Би можело да ве интересира

Весиќ: Ќе ја утврдиме одговорноста на оние кои не го реконструираа овој дел од станицата

Горан Наумовски

Во Нови Сад е извлечено 13 тело, меѓу нив и шестгодишно дете

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад: Засега се извлечени 12 тела

Горан Наумовски

Телото на шестгодишно дете е извлечено од под урнатините од Железничка станица во Нови Сад

Горан Наумовски

Во животна опасност се тројца повредени од трагедијата во Нови Сад

Горан Наумовски

Дачиќ: Најмалку 11 лица загинаа во несреќата во Нови Сад