Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека е неопходно преструктуирање на долгот на Грција и даде уверување дека продолжува активно да бара решение за кризата во таа земја.
– Преструктуирањето на долгот според нас е неопходно во случајот на Грција, така што ќе се создадат услови таа да биде во можност да го исплати, нагласи таа.