Ципрас за утре најави нови предлози за доверителите

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска најави дека Атина ќе претстави конкретни предлози до своите доверители, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Утре ние ќе поднесеме конкретните предлози за праведен договор и сигурни реформи, изјави Цироас пред европратениците во Стразбур, кадеповеќе од три часа се водеше расправа за ситуацијата во Грција.

За в недела е закажан нов самит на ЕУ каде ќе треба да се донесе одлука за тоа дали ќе продолжи програмата на помош за Грција.

На самиот почеток од дебатата во Стразбур, Ципрас изјави дека предлозите ќе бидат доставени во наредните два дена.

Грција исто така денес поднесе барање за примена на европскиот механизам за поддршка (ЕСМ).

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он