Русија започна воени вежби во Ерменија

Од:

Руската армија денеска започна воени вежби, како проверка на борбената готовност на свои единици распоредени во Ерменија, во време кога оваа земја сојузник се соочува со народни демонстрации и судири со соседен Азербејџан.

Русија во март започна големи воени маневри во кои беа вклучени ерменски војници и војници од двете сепаратистички грузиски републики Абхазија и Јужна Осетија.

Официјално Руската федерација има воени бази во Ерменија од 1995 година.

Во главниот град Ереван на 19 јуни почнаа народни демонстрации поради најавеното зголемување на цената на електричната енергија.

Ерменија, која е традиционален сојузник на Русија, повеќе години е во судири со Азербејџан поради контрола над регионот Нагорно-Карабах, за што двете држави имаат спор.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот