Марк Гасол за 100 милиони долари останува во Мемфис

Од:

Центарот на Мемфис, Марк Гасол реши да ја продолжи верноста со својот досегашен тим, се согласи на нов пет годишен договор во висина од 100 милиони долари.

На крајот од сезоната тој го доби статусот слободен агент, но и покрај понудите на други екипи реши да остане во Мемфис.

Според договорот тој по завршувањето на четвртата година од договорот може да го напушти клубот. Марк Гасол (30 години) сите седум сезони во НБА лигата ги мина во редовите на Мемфис.

Со своите добри игри се истакна како еден од најдобрите центри во лигата изминатава сезона, а  на 81 натпревар имаше со просек од 17.4 поени; 7.8 скокови и 3.8 асистенции по натпревар.

Според најавите тој ова лето  нема да биде дел од шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство, пред се бидејќи најави одмор по напорната сезона.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on