Доскорешниот кошаркар на Индијана, Дејвид Вест се наоѓа пред трансфер во Сан Антонио јавија американските медиуми.
34-годишниот Вест одлучи да си замине од Индијана, бидејќи смета дека овој тим не е конкурентен за титулата.
Евентуално негово преоѓање во Сан Антонио ќе значи силна центарска линија на „спарси“ со оглед на неодамнешниот ангажман на Ламаркус Олдриџ.
Вест мината НБА сезона ја заврши со просек од 11,7 поени и 6,8 скокови. Пред Индијана, осум години настапуваше за Њу Орлеанс.