БиХ колевка на џихадизмот

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Во 90-те години нешто се случи во централна Босна и Херцеговина што ги инспирираше луѓето до денес да објаснуваат зошто најмногу џихадисти од Европа потекнуваат од БиХ.

Основањето на муџахедински баталјон во 1992 година, кој главно го сочинуваа арапски доброволци, беше почеток.

Денес состојбата е обратна, луѓето од БиХ заминуваат да војуваат во арапските држави, од нив над 300, што БиХ ја прави земја со најголем број џихадисти по глава на жител.

– Постои војна меѓу Западот и исламот. Босна му даде таков наратив на модерното џихадистичко движење. Босна е колевка на модерниот џихадизам, вели Ајмен Деан, кој како доброволец војувал во централна Босна во 1994 година.

Според важечкото мислење советската окупација на Авганистан во 1980 година ја предизвика појавата на џихадизмот, т.е. походот во наводната света војна.

Деан пак вели дека Западот и салафистите биле на иста страна во Авганистан, а во БиХ станале непријатели, посебно по 1993 година, кога војната на просторот на поранешна Југославија стана тројна војна, меѓу католиците Хрвати, православните Србите и муџахединскиот батаљон кој почна да ги лови неверниците.

Првиот поголем судир на исламистите и западните сили се случи во манастирот Гуча Гора, кога муџахедините го уништија манастирот, а притоа и го снимија целиот напад.

Тогашниот командант на британските трупи кои учествуваа во судирот со муџахедините Вон Кент-Пејн истакна дека странските борци биле многу поагресивни од локалните сили и дека често отворале оган врз конвоите на ОН, иако тие биле уредно одбележани со назнаки.

Во околината на градот Травник, каде муслиманите, Хрватите и Србите беа еднакви пред војната, странците се обидоа да спроведат шеријатски закон, ги киднапираа локалните христијани, му ја отсекоа главата на Драган Поповиќ и останатите заробеници ги принудија да ја бакнат.

Муџахедините во 1995 година почнале да ги регрутираат локалните жители и ја зголемиле бригадата на околу 1.500 борци. Во обид таа единица да ја стави под контрола, Сараево одлучи да ја стави под команда на Третата армија, која имаше централа во Зеница, а врховен командант беше бригадниот генерал Енвер Хаџихасановиќ, кој заврши пред судот во Хаг.

– Според мое мислење, зад муџахедините стојат политичари со висок ранг и верски лидери. Тие не и помагаат на Босна воопшто, напротив, наведе Хаџихасановиќ во писмо до воениот врв во 1993 година.

Иако генералот укажуваше на тоа, локалните лидери, вклучувајќи го и Алија Изетбеговиќ беа среќни со тоа што во БиХ доаѓаат странски борци.

Со потпишувањето на Дејтонскиот договор и воспоставувањето на примирје, муџахедините ја завршиле својата мисија во БиХ и беа распуштени во 1996 година.

– Сите се надевавме дека ќе загинеме како маченици. Таа шанса ни беше одземена, наведе Деан, а стотици негови соборци потоа заминале во Чеченија, Пакистан и Авганистан. Меѓу нив се и учесници на нападот на Њујорк и Вашингтон на 11 септември.

Над 300 муџахедини останаа во Босна, а СДА, партијата на Алија Изетбеговиќ, не презеде доволно мерки да им застане на патот на странските борци, иако властите во Сараево усвојува правни акти кои забрануваат регрутација на државјани на БиХ во војни во странство.

Сепак, најголеми критики се упатуваат на тоа што властите замижуваа пред арапските муџахедини кои во БиХ се уште агитираат и кои успеаја да создадат салафистички ќелии. Најзначајни имиња на џихадистичкото движење во БиХ се Фикрет Хаџиќ и Билал Босниќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски