(ВИДЕО) Дискусија: Кампувањето пред Влада продолжува, Груевски мора да си замине

Од:

Граѓаните од цела Македонија кои 50 дена спијат под отворено небо пред Владата претставуваат своевиде притисок врз Груевски, кој ќе продолжи се до негово конечно заминување од функцијата премиер. Ова е ставот на опозициската СДСМ, но и на дел од граѓанскиот сектор кои обединети под широката коалиција „Граѓаните за Македонија“ секојдневно со кмапувањето пред Влада го потсетуваат премиерот дека е време да си оди. Вчера во кампот со дискусија се одбележаа 50 дена од формирањето на кампот, наречен Камп на слбоодата.

Според  потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кампот е еден вид аргумент и во преговорите на политичките лидери и странците и вели дек акампот ќе продолжи д аопстојува се додека е потребно, а то аможе да бидат денови или месеци.

-Кампот опстојува, останува и стана симбол. Ова е симболот на борбата против Никола Груевски и тоа мора да го продолжиме. Ние кога рековме ќе се бориме со власта, рековме дека таа борба бара многу жртви. Пожртвуваноста ја покажувате вие денеска овде. Упорно и конзистентно и цело време сме тука и никој не може да не тргне.

Ова парче на улица овде е наша освоена територија ама и е симболичен успех и победа кој што никогаш нема да го предадеме назад се додека не ја постигнеме целта.

Ова се финалните денови, јасно е како ова ќе заврши. Македонија не може да продолжи напред ако остане како до сега, така да прашање е на денови кога режимот на Груевски ќе си оди, затоа мораме да издржиме.

Луѓето се охрабрени и тоа е една од големите придобивки што никој нема да ни ја одземе. Која било следа власт нема да можат ова да си го дозолат што го прави режимот на Груевски од причина што ќе им биде срам да не ги фатат.

Има разни дилеми како понатаму. Борбата е на многу полиња и на многу фронтови и е упорна и истрајна. Протестот на 17 си ја заврши својата работа овој камп прави дрга работа, преговорите трета, се заедно води до конечен успех, а кога ќе ме прашаат до кога, велам се додека треба, нема враќање од ова.

СДСМ и коалицијата „Граѓаните од Македонија“ не отстапуваат од своите барања.  Одвојување на државата од владејачката апртија, пречистување на избирачкиот список, средување на состојбата во медиумите, бараме попис и најново оставка од владата на Никола Груевски.

Попуштање од овие барања нема. Прашањето е кога Никола Груевски ќе си поднесе оставка.

За жал ние сме блокирана држава. Причината е една и единствена но има лек за тоа – оставка на Никола Груевски. После ќе разговараме за сите теми, рече Манчевски.

Според граѓанскиот активист Марјан Забрчанец, критиките на сметка на кампот можат да се добијат со низата вредности кои се придобивка од поставувањето на шаторите до денес.

– Многу дебати се отворија во јавноста кон кампот, формата на кампот, кон однесувањето на граѓаните кои живеат тука. Да не заборавиме дека од 5 до 17 мај, оваа улица беше недостапна за граѓаните. После бомбата за Мартин Нешкоски, власта одлучи да им го одземе овој простор на граѓаите, поставувајќи барикани од полицајци. После 17 мај, овој простор е ослободен и тоа е првата вредност. Друга вредност е што Кампот во првите денови креираше вести, со кој што светот, меѓународната јавност дозна за злоделата на Никола Груевски. Друга вредност кампот е еден вид граѓански часовник кој очукува за оваа Влада. Кампот е своевиден притисок ако се има предвид начинот на кој функционираше јавноста пред 17 мај.

Ретки беа моментите пред 17 мај кога граѓаните се осмелуваа да зборуваат пред оваа Влада. Денес овој граѓански часовник секојдневно дискутира за лошите политики, овој камп го ослободи народот од стравот.

Кампот конечно е платформа за градење доверба помеѓу партиските и непартиските. Кампот е мост меѓу граѓанските организации и партиите, заради то ашто се прави на јавен и транспарентен начин, а не со поткупување тајно на невладините, како што прави Груевски.

Кампот е мост и на друг начин создавање доверба, мост меѓу граѓаните на внатрешноста и граѓаните од Скопје, но и граѓани на други заедници. Овој камп стана симбол на диверзитетот.

Овој камп е и голем аргумент во тие преговори.  Овие граѓани тука ги поддржаа сите останати протести од овој агол или од оној агол, ги поддржа сите кои се борат согласно каузата слобода.

Конечно, овој камп ја инспирираше власта. Ако сме стигнале до 5 јули, ако е неопходно ќе останеме до септември и ќе генерираме капацитети, кои ќе предизвикаат нови, масовни протести. Оовј камп овде не е камп смао на уште една партија. За тоа говорат и многуте невладини организации кои се тука, кои верувајте ако СДСМ во иднина владее на начин на кој што владее Груевски сега, први ќе го критикуваат, истакна Забрчанец.

Ова е 50. дискусија, откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада. Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска