Олдриџ нов играч на Сан Антонио

Од:

Екипата на Сан Антонио доби големо засилување за новата сезона откако досегашниот играч на Портланд Ламаркус Олдриџ реши да го облече дресот на овој клуб. Инаку, тој како слободен агент доаѓа во Сан Антонио.

Ваквата одлука на Олдриџ помалку ги изненади познавачите на кошарката во САД, пред се луѓето во Феникс. Ова особено што овој НБА лигаш најави доаѓање на Олдриџ во нивните редови, па дури и се подготвуваа за негов дочек.

Не е познато која е причината за промена на одлуката, но најверојатно е тоа што Сан Антонио последните сезони има тим што може да конкурира и за шампионскиот прстен. Сан Антонио има пет титули шампион на НБА.

Олдриџ последните пет сезони ги завршуваше со 20 и повеќе поени во просек, додека последната сезона ја заврши со 23.4 поени, 10.2 скокови на 71 натпревар (на сите беше стартер).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on