Најдобриот скокач во НБА лигата изминатава сезона Деандре Џордан најверојатно ќе ги смени клупските бои и ќе премине во екипата на Далас. Овој тим е подготвен на Џордан за период од четири години да му понуди максимален износ на договор.
Како играч на Лос Анџелес Клиперс претходната сезона Џордан имаше 15 скокови по натпревар, а воедно има и најдобар процент на шут од игра во лигата со 71 отсто, најголемиот дел беа забивања.
Џордан го има статусот слободен играч и затоа е еден од најбараните кошаркари во моментов, а ЛА Клиперс во своите редови ги имаат големите ѕвезди Крис Пол и Блејк Грифин и затоа тешко е да се верува дека ќе го задржат и Џордан.