За кратко време не може да се дојде до витка става

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

– Изгубете 10 килограми за три дена, Совршен стомак со две вежби, Нов препарат за брзо слабеење, Уред со кој ги вежбате мускулите додека гледате ТВ… Со такви слични реклами потенцијалните купувачи секојдневно се напаѓани од речиси сите медиуми, пред се во текот на летните месеци, нудејќи им одличен изглед за плажа со минимален труд и супер цена.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека нема краток пат до витка става и што е повежно со добро здравје.

Трендот на совети и иновативни фитнес технологии е насочен кон тоа да нуди решенија кои бараат малку или ниту малку напори да се остварат резултати, вели Џемал Гекиќ, фитнес тренер и body transformation coach.

– Во општество во кое се ни е достапно во два клика со глувчето или еден телефонски повик без потреба да се мрднеме од столицата или од софата, се измислуваат решенија за телесни трансформации кои исто така бараат минимум труд.

Како што вели сараевскиот тренер, можеби со два клика можете да порачате да ви достават пица на врата, но ако се сака здраво и функционално тело, треба вежбањето и здравата исхрана да се направи навика и дел од животниот стил.

Упорност и труд

Искуството на Милан Сарачевиќ покажува дека трудот и упорноста се важни за губење на килограми и здрав живот. Поради здравствени проблеми, морал да се обрати на лекарите и со помош на нутриционисти и редовно движење, за девет месеци од 184 килограми ослабел на 114 килограми.

Клучот за здрав и пред се трајно слабеење е усвојување на животни навики кои ќе ги одржуваат постигнатите резултати, а се работи за навики на редовни активности, не само конкретно тренинг и правење на добри избори во исхраната, предупредува Гекиќ.

Желбата за брзи и лесни решенија, кога се работи за здравјето и физичкиот изглед, Ивана Пауновиќ, психолог и психотерапевт од Србија ја споредува со проблемите со забите со кои многумина се сретнуваат. Со занемарување на редовните контроли и соодветно внимание доведува до расипување и на крај до болни и скапи решенија, вели таа.

– Слично е и со нашите емоции и желби. Го занемаруваме она што се случува во нас додека последиците не станат толкави па да немаме каде. Тогаш доживуваме разни фрустрации и проблеми. Тој дефект во нашите емоции настанувал долго, како и расипувањето на забите, но бираме утре да се бавиме со тоа.

– Меѓутоа, цената на тој механизам е прескапа. А ние често се надеваме дека ќе се случи токму тоа, иако сите искуства, лични и туѓи, ни зборуваат поинаку. Па и кога ќе стигне наплатата, овој пат во вид на нашите емоции, ние и тогаш би сакале да поминеме на брзина, да платиме помалку, брзо да ги решиме проблемите кои некогаш настануваат и со години, рече Пауновиќ, додавајќи дека многумина сакаат инстант решение по секоја цена.

Волшеби препарати

Тогаш се прибегнува кон разни волшебни апчиња и препарати за неколку дена да се решиме од сите недостатоци, што маркетингот тоа добро го препознава. Меѓутоа, кога ќе се увериме дека тие решенија не помагаат, или барем не на подолг рок, фрустрацијата се зголемува и повторно почнува нов циклус на нервоза и загриженост, наведе психологот од Србија.

– Многумина од нас знаат дека инстант решенијата тешко можат да успеат, но сепак повторно одново се обидуваат на ист, неуспешен начин. Нашиот разум има една политика, но нашите емоции друга. Затоа и треба да го бараме договорот во нив. Нашите емотивни способности се тие кои имаат погрешна проценка.

Сарачевиќ вели дека лично никогаш не користел препарати за инстант слабеење, но користел неговиот пријател. Тие препарати довеле до контра ефекти и тоа лице сега има 230 килограми.

Кога се во прашање препаратите за слабеење, одредени (многу мал број) суплементи можат да имаат позитивен ефект како додаток на здравата исхрана и редовен и квалитетен тренинг, но многу луѓе ги користат како изговор да јадат уште полошо, вели фитнес тренерот.

Инстант индустријата често се фокусира на слабите точки, кои луѓето прво сакаат да ги отстранат, а тоа е обично пределот на стомакот, наведе Гекиќ. Тој наведува дека неговите искуства покажуваат дека можно е да се стави акцент на одредени зони, но во тој процес се губи масното ткиво по целото тело.

– Ако имате проблем на специфично одредени зони, тогаш тоа се врзува директно за дисбалансот на специфични хормони. На пример, стомакот е врзан за вишокот хормони на стрес, колковите за вишок хормони на инсулин и слично, па овие информации овозможуваат целно делување, наведе фитнес експертот и додава дека за се друго треба упорност и труд.

Промена на навиките

Колку е важен тој сегмент покажува искуството на Милан Сарачевиќ. Одењето во друга земја поради работа довело до нарушување во навиките и се здебелил повеќе од 20 килограми, кои планира да ги намали.

Кога е физичкиот изглед во прашање, Ивана Пауновиќ истакнува дека како и во многу нешта, треба да се погледнеме длабоко во себе и да одговориме на многу прашања.

– Понекогаш и да отвориме некои теми кои се наоѓаат зад проблемот, а кои можат да бидат болни. На пример, што прави храната за нас, дали само создава проблеми, или пак и нешто повеќе? Зошто инаку би ја конзумирале повеќе од што треба? Сепак мора нешто повеќе да прави за нас?

Луѓето никогаш не прават ништо за кое немаат некоја добивка, па и кога е создавањето на проблеми во прашање, наведува таа, па затоа треба да се открие таа добивка и да се обидеме да ја замениме за некои емотивно поисплатливо решение.

– Тоа секако не е лесно. Но, како и се во животот, големите добивки ги добиваме со голем труд. Прашање е дали некој е подготвен да тргне на тој пат, или сака да оди по полесниот пат, со надеж дека сепак ќе успее.

Бирањето на лесни решенија, со надеж дека евтино ќе се платат, е проблем со кој секојдневно се соочуваме и тоа не само во доменот на телесниот изглед, туку и на материјализмот, оценува Пауновиќ, што се гледа во тоа дека на многумина не им е важно само здравјето, колку што и добриот изглед.

Парадирање со брендови

– Покрај неопходноста на имање на идеална фигура, тука е и парадирањето на брендови, шерувањето на добар изглед и добри марки и собирање на лајкови. Материјализмот како начин на живот наоѓа свои причини во обезвреднување на задоволувањето на психолошките потреби, што понатаму луѓето ги насочува кон материјализам. На тој начин се надоместува недостатокот и се намалува длабокото чувство на несигурност.

Фокусирањето само на материјалното доаѓа не само од психолошки извори, туку и социјални, рече таа, а лицето го усвојува културните и семејните вредности и форми на однесување од таа средина.

Лицето се учи дека вредностите се наоѓаат, во вакви примери, пред се во надворешниот изглед.

– Со таквата стратегија се труди не само да изгледа како што е зададено, туку и на сите начини да се бори тој стандард да го задоволи со пластични операции, трошење на голема сума на пари на брендови…

Стратегијата живот на фора и инстант решенија кај некои луѓе се генерална животна стратегија, наведе Пауновиќ, што има своја цена.

– Последиците од ваквиот начин на живот секако се бројни, сакаме ли ние да се соочиме со тоа или не. Сите тие последици се различни од човек до човек, но сите можат да се сведат на живуркање, наместо на живеење.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска